|
2012-02-21 08:57 |
 |
|
2012-02-02 08:31 |
|
Влезниците за ракометните натпревари, преку друштвото „Гоце Делчев„ се веќе резервисани.
Вие кои што имате резервисано карти мора да ги платите во недела на 19.02 од 16.00 до 17.00 часот кај Наталие во просториите на друштвото.
Доколку не ги платите закажаните карти на 19 февруари , ќе се продадат на други лица заинтересираноста е голема.
За Управниот одбор Наталие Крстановска |
|
2012-01-17 11:34 |
|
Во неделата на 15 јануари , се одржа Годишното собрание на Македонското друштво „Гоце Делчев„ од Гетеборг. На собранието присуствуваа голем број на членови и поканети гости, помеѓу нив и Гунила Карлсон пратеник на Шведскиот парламент и претседател на образовната установа АБФ од Гетеборг. Членовите на друштвото едногласно без некои примедби ги прифатија извештаите за работа и за економското работење на друштвото. Новоизбраниот управен одбор е од 11 членови од кои 7 члена се од понежниот пол што е за прв пат од историата на друштвото. За претседател на друштвото е избран искусниот и долгогодишен активист Тане Ангеловски.

|
|
2012-01-09 11:17 |
|
Традиционалната прослава за СТАРА НОВА ГОДИНА со Васличарското паре ќе се организира во ПЕТОК на 13 јануари со почеток во 18.00 часот, во просториите на друштвото. Влез слободен
Што се однесува за прославата на 14 јануари, во организација на младата односно средната генерација картите со консумација се веќе продадени. Повеќе карти нема да се продаваат и нема да се пуштаат лица кои што немаат обезбедено резервации. |
|
2011-12-23 15:31 |
|

GOD JUL och GOTT NYTT ÅR
СРЕЌНА НОВА ГОДИНА и
СРЕЌНИ БОЖИКНИ ПРАЗНИЦИ
Ви посакува
Управниот одбор на
Македонското друштво
„Гоце Делчев„ |
|
<< Första < Föregående 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Nästa > Sista >>
|
|
Sida 1 av 16 |