Skriv ut

Во неделата на 26 јануари се одржа Годишното собрание на Македонското друштво „Гоце Делчев„, на кое присуствуваа голем број на членови и поканети гости.

Презентираните извештаи за работа и за економијата на друштвото беа едногласно прифатени.

Собранието ја прифати програмата за работа и буџетот за 2020 година каде што посебен акцент се стави на 50 годишниот јубилеј на друштвото.

Годишното собрание избра Управен одбор на чело со досегашниот претседател Гоце Џуков. Посебно освежување на Управниот одбор се две нови млади членки со високо образование, што ни дава надеж дека ќе допринесат поактивно вклучување во активностите на новодојдените македонци во Гетеборг.

П.A