Skriv ut

Годишно собрание на Друштвото

На 30 јануари 2022 година, се одржа Годишното собрание на Македонското друштво „Гоце Делчев„- Гетеборг. На собранието присуствуваа помал број на членови но сепак многу повеќе од одчекувањата со оглед на моменталната состојба со пандемијата.

Презентираниот извештај за работа и финансискиот извештај беа едногласно прифатени од присутните.

Освен неколкуте успешно реализираните манифестации во 2021 година како што се: Халовен фест, Средба на жените и Луциа , други активности немаше затоа што поголемиот дел од годината просториите беа затворени а со тоа и активностите беа во мирување.

Посебно внимание заслужува да се спомени се поголемиот број на заинтересирани деца за изучување на македонскиот фолклор.

На собранието повторно се потенцираше за поактивно информирање до новодојдените македонци во Гетеборг да се вклучат во друштвениот живот.

Собранието избра нов Управен одбор од 11 членови на чело со Гоце Џуков, долгогодишен и искусен активист, кој и досега ја извршуваше функјијата претседател на друштвото.

п.а