Во Македонското друштво „Гоце Делчев„ во Гетеборг на 12 септември 2008 година се одржа промоција на книгата „Што е социјалдемократија?„ во превод на македонски, чии автори се Ингвар Карлсон, поранешен шведски премиер и Ан-Мари Линдгрен.

На фотографијата: Јани Макрадули, Ивица Челиковиќ и Ингвар Карлсон

- Во време на изградбата на народниот дом Шведска беше мошне хомогена земја, и тоа не само поради фактот дека делот на жителите родени во странство се уште беше мал. Денес Шведска е многу повеќе хетерогена земја. Училиштата, образованието и здраството треба на поинаков начин да бидат диференцирани според индевидуалните, различни потреби, рече, обраќајќи се пред присутните на промоцијата, еден од водечките шведски социјалдемократски идеолози, Ингвар Карлсон.

- Денес во суштина постојат недостатоци во системот на социјалната благосостојба, и доколку тие се сумираат може да се виде дали мошне голем број луѓе се погодени - но недостатоците не се исти, туку се разликуваат меѓу групите. Се бараат специјални решенија, а може да биде мошне тешко да се обезбеди мнозинство зад секое посебно решение, или во однос на зголемувањето на тршоците што таквите решенија ги бараат, истакна Карлсон, кој по убиството на поранешниот шведски премиер Улоф Палме во 1986 година, го презеде кормилото на Социалдемократската партија и раководеше со неа десет години.

На промоцијата, која се одржа во организација на шведскиот Работнички образовен сојуз, АБФ, освен авторите на изданието, присуствуваа и претседателот на социјалдемократите во Гетеборг, Ана Јохансон, како и повеќемина социјалдемократски партиски функционери.

На покана на шведската Социјалдемокраска партија на промоцијата присуствуваше и потпреседателот на СДСМ и потпреседател на македонското Собрание, Јани Макрадули, наглсаувајќи дека оваа книга би можела да преставува значаен придонес кога станува збор за зајакнување на образовната копонента меѓу социјалдемократите во Македонија.

За значењето на македонскиот превод на книгата „Што е социјалдемократија?„, чиј издавач е „Идејната ковачница на работничкото движење„, на промоцијата зборуваше Ивица Челиковиќ кој го направи преводот на македонски.

Во рамките на програмата, која ја водеше Реза Талеби од АБФ, учествуваа и пејачката Каролина Вучидолац и виолинистот Роберт Сакип, а сите присутни имаа и убава можност да уживаат во мошне вкусно аранжираната македонска трпеза што ја подготви Женскиот актив при Друштвото.

За наесен се планира промоција на македонски превод на книгата „Што е социјалдемократија? во Скопје.