Вести / Nyheter
Srekna Nova Godina
Изборен состанок на Женскиот актив
ГОДИШЕН ИЗБОРЕН СОСТАНОК на женскиот актив во недела на 15/12/2013 г. со почеток во 15:00 час. Новоизбраното Раководство на Женскиот актив за 2014 год.
Lucia 2013
Со песнички, луцеркатер и глег ќе го прославиме шведскиот традиционален празник ЛУЦИА. Во сабота на 14 декември, со почеток во 16:00 часот. Истиот ден после 18:00 часот, Управниот одбор ќе припреми БОЖИЌНА ТРПЕЗА. Добро сте дојдени !!!
Kvinnoträff -2013
Известување
Ги известуваме сите членови и верници дека во недела на 27 октомври во 17.00 часот, Македонска црковна делегација на чело со Архиепскопот Г.Г. СТЕФАН и Митрополитот ПИМЕН, ќе го посетат Македонското друштво „Гоце Делчев„ –Гетеборг. Добро сте дојдени !
Другарска вечер
По повод 11 Отомври -Денот на востанието на македонскиот народ, Македонското друштво „Гоце Делчев„ организира ДРУГАРСКА ВЕЧЕР. Во сабота на 12 окотмври, со почеток во 19.30 часот. Влез со конмзумација 50 кр (закуска со пиво) Резевации на тел 031- 52 66 95 Честит 11 ОКТОМВРИ
Македонски јазик
МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК Пријатна вест за заинтересираните за изучување на мајчин јазик. (Деца кои што се во „förskola” имаат исто така право на мајчин јазик) Од неодамна вработен е уште еден наставник по македонски јазик во Гетеборг и пошироко. Ако се уште не сте ги пријавиле вашите деца во училишта каде што посетуваат редовна настава ви препорачувамеда го сторите тоа. За сите информации обратетесе на тел. 0720 084 820
Осми септември -Коктел
По повод Осми Септември – Денот на државноста на Р Македонија, Македонското друштво „Гоце Делчев„ ќе организира К О К Т Е Л во недела на 8-ми септември со почеток во 17.00 часот Ги покануваме сите членови заедно да го прославиме овој значаен ден
MLADINSKA ZABAVA
Пријатно лето
СООПШТЕНИЕ !!! Просториите на Македонското друштво „Гоце Делчев„ ќе бидат затворени од 1 јули до 11 август. На сите членови и сипатизери на друштвото им посакуваме пријатен летен одмор, исполнет со многу убави моменти а при крајот на август заедно да ја започниме новата сезона, со нова енергија и ентузијазам. Од 14 до 20 јули во Гетеборг ќе се одржи најголемиот светски турнир во фудбал, на кој ќе се натпреваруваат 1600 екипи од 80 земји. На годинашниот турнир ќе учестувува и ФК „Цементарница„ од Скопје, кои ќе престојуваат во просториите на нашето друштво.