Вести / Nyheter
Sportlov 2022
Годишно собрание
Годишно собрание на Друштвото На 30 јануари 2022 година, се одржа Годишното собрание на Македонското друштво „Гоце Делчев„- Гетеборг. На собранието присуствуваа помал број на членови но сепак многу повеќе од одчекувањата со оглед на моменталната состојба со пандемијата. Презентираниот извештај за работа и финансискиот извештај беа едногласно прифатени од присутните. Освен неколкуте успешно реализираните манифестации во 2021 година како што се: Халовен фест, Средба на жените и Луциа , други активности немаше затоа што поголемиот дел од годината просториите беа затворени а со тоа и активностите беа во мирување. Посебно внимание заслужува да се спомени се поголемиот број на…
Nova Godina
Kvinnoträff
Kvinnoträff
Info
Полувековно другарување
ПОЛУВЕКОВНО ДРУГАРУВАЊЕ 50 годишен јубилеј на Македонското друштво „Гоце Делчев„ -Гетеборг Оваа година Македонското друштво „Гоце Делчев„ одбележува 50 години од основањето, 50 години културно и спортско творештво, 50 години опстојување, 50 години горди чувари на македонската традиција во Шведска. Во далечната 1970 година група ентузијасти со високо национална убеденост и патриотско чуство ги поставуваат темелите на Македонското друштво „Гоце Делчев„ во Гетеборг. Замислите на инцијаторите беа а и сеуште се: изнаоѓање на начин на заедничко другарување, ширење на културното богатство, јазикот, развивање на културно-просветниот, забавниот и спортскиот живот. И навистина во изминатиов 50 годишен период Друштвото „Гоце Делчев„ придонесе…
Активностите во мирување
Освежен Управниот одбор
Во неделата на 26 јануари се одржа Годишното собрание на Македонското друштво „Гоце Делчев„, на кое присуствуваа голем број на членови и поканети гости. Презентираните извештаи за работа и за економијата на друштвото беа едногласно прифатени. Собранието ја прифати програмата за работа и буџетот за 2020 година каде што посебен акцент се стави на 50 годишниот јубилеј на друштвото. Годишното собрание избра Управен одбор на чело со досегашниот претседател Гоце Џуков. Посебно освежување на Управниот одбор се две нови млади членки со високо образование, што ни дава надеж дека ќе допринесат поактивно вклучување во активностите на новодојдените македонци во Гетеборг.…
Годишно собрание
Управниот одбор на Македонското друштво „Гоце Делчев„ -Гетеборг, ги известува и поканува свoите членови да земат учество на РЕДОВНОТО ГОДИШНО СОБРАНИЕ што ќе се одржи во недела на 26 јануари 2020 година во 13.00 часот, во просториите на Друштвото, Rimmaregatan 8 Ве очекуваме