Хорската секција започна со својата активност. Пробите се одржуваат секоја недела во 17.00 часот.

Поранешни и нови членови се добродојдени.

По повод Осми Септември - Денот на независноста на Република Македонија, Управниот одбор ќе приреди скромен КОКТЕЛ за своите членови, во недела на 06 септември, во 17.00 часот

Порака од Ана Ибрисагиќ, пратеник од Шведска во Европскиот парламент

Им благодарам на сите македонци кои ја подржаа мојата кампања и кои излегоа на изборите. Оваа битка ја добивме, но сега преостанува заеднички да се бориме Македонија што поскоро да влезе во Европската Унија. Јас од моја страна ќе се потрудам и очекувам поместување во тој правец, уште во текот на шведското претседавање со ЕУ.

Интервју со Ана Ибрисагиќ, пратеник од Шведска во Европскиот парламент

Јуни, 2009 година, Гетеборг
Автор : Ацо Каланоски


Ана Ибрисагиќ(42) , родена во Сански Мост , Босна и Херцеговина, пратеник на Шведска во Европскиот парламент. Живее на север, во Лулео.
Во нејзината биографија можат да се најдат податоци за тоа дека студирала економија , била наставник по музика (клавир и соло пеење), преведувач и овластен толкувач, потоа одговорна за извоз , а покасно и директор на стопанската комора за Северна Шведска. Член е на Претседателството на влдаеачката партија на модератите од 2001 година, а во 2002 година станала член на шведскиот парламент. Од 2004 година е пратеник во Европскиот парламент.

Jавен повик за отуѓување на градежно земјиште сопственост на Република Македонија во општина Охрид наменето за изградба на хотел по пат на јавно наддавање - 20.5.2009

Oд денес започнаа најавените активности за спроведување на постапки за отуѓување на неизградено градежно земјиште сопственост на Република Македонија, со цел овозможување на реализацијата на нови домашни и странски инвестиции, а со тоа и подобрување на економскиот раст на општините во Република Македонија.