Средба со Министерот Антонио Милошевски

Почитувани пријатели, во понеделник, 01 Јуни 2009 година во просториите на Друштвото „Гоце Делчев„ ќе се одржи средба помеѓу Министерот за надворешни работи на Република Македонија, Антонио Милошевски и пратеникот од Европскиот парламент од Шведска Ана Ибрисагиќ.

Присутните ќе можат да ги чујат ставовите на пратеничката Ибрасагиќ за работата на Еврпскиот парламент.

Министерот Милошевски пак ќе не запознае со најновите актуелности поврзани за Евроатланските аспирации на Република Македонија. Визната либеразација, датумот за отпочнувањето на преговорите за полноправно членство во ЕУ и секако новостите во врска со нашето членство во НАТО.

Доаѓањето на гостите е предвидено за во 18.00 часот.

Просториите на Друштвото Гоце Делцев ќе бидат отрворени во 17.00 часот.

Повелете да присуствивате на еден интересен настап на кој ќе можете да поставувате прашања за сите теми за кои сте заинтересирани.

Со почит

Управен одбор на Друштвото „Гоце Делчев„

ЗАВРШНА ПРОЛЕТНА СРЕДБА НА ДЕЧИЊАТА

Во недела на 31 мај, со почеток во 17.00 часот ќе се организира завршна средба на децата кои што беа активни во пролетниот дел (и други дечиња се добродојдени)

Децата ќе бидат почестени со корв, чипс, годис, сокче и друго.

Амбасадата на Република Македонија во Стохолм , ќе одржи КОНЗУЛАРЕН ДЕН во недела на 31 мај, од 11.00 до 15.00 часот во просториите на Друштвото „Гоце Делчев„ во Гетеборг.

Честит ВЕЛИГДЕН

Недела 26.04 со почеток во 15.00 часот СОСТАНОК на Женскиот актив.

Недела 26.04 со почеток во 17.00 часот, ИНФОРМАТИВЕН СОСТАНОК со Olle Ludvigsson, кандидат за пратеник на Европскиот парламент.

Недела 03.05 со почеток во 12.00 часот, ИНТЕРНИ СПОРТСКИ НАТПРЕВАРИ и богата СКАРА НА ЖАР.

Во петок на 17 април, со почеток во 18.00 часот, ќе се одржи СРЕДБА СО ПЕНЗИОНЕРИТЕ.
Друштвото ќе ги почасти присутните со кафе и мала закуска.
Добро сте дојдени!!!!!