veligden

Во среда на 11 април 2011 год. со почеток во 17.00 час.

на тема:  СТАРОСНА ПЕНЗИЈА

предавач: Марина Каланоска

Македонската ракометна репрезентација, која вчера пристигна во Гетеборг, каде што од утре до недела ќе се напреварува на предолимпискиот турнир во арената „Скандинавиум“, имаше средба со припадници на бројната македонска заедница во Шведска.

Неколку стотини навивачи од сите генерации во редовите на повеќеилјадната македонска колонија, која своите корени во вториот по големина шведски урбан центар, Гетеборг, ги има уште од почетоците на 1960-те години, со воодушевување ги пречекаа македонските ракометни репрезентативци во просториите на македонското друштво „Гоце Делчев“, јави дописникот на МИА од Гетеборг.

Многумина ја искористија можноста да добијат автографи од нашите репрезентативци, и да се фотографираат со нив, а домаќините, како што истакна во своето поздравно обраќање претседателот на друштвото „Гоце Делчев“ Тане Ангеловски, им посакаа голем успех и заедничко патување за Лондон.

Се проценува дека натпреварите во Гетеборг ќе ги следат неколку илјади македонски навивачи и фанови од Шведска, Данска и други западно-европски земји. Кога кон таа бројка ќе се приклучат и навивачите кои од Македонија, меѓу другото, доаѓаат со 11-те автобуси, може со сигурност да се очекува изклучително возбудлива атмосфера на трибините во „Скандинавиум“.

529362_10150714328643187_705993186_9352973_1676032152_n

Сосема е извесно дека бројката од 2.500 до 3.000 македонски навивачи само од Шведска е реална, а не се знае колкав е бројот на оние што го најавија доаѓањето од Данска, Норвешка, Германија, В. Британија и од Македонија

ИДНАТА НЕДЕЛА ПОЧНУВААТ ОЛИМПИСКИТЕ КВАЛИФИКАЦИИ ВО РАКОМЕТ

На една недела пред почетокот на квалификацискиот турнир за пласман на Летните олимписки игри, атмосферата во Гетеборг (Шведска) почна повторно да добива на интензитет. Секој ден има понекоја нова, свежа информација. Македонската ракометна репрезентација од 6 до 8 април ќе игра во квалификациите против Унгарија, Бразил и домаќинот Шведска. Најдобрите две селекции ќе се пласираат на ЛОИ во Лондон.

Деновиве се обидовме да добиеме конкретна информација за продадените билети, и тоа особено за нашите, македонските навивачи. Ниту една од трите посочени адреси не располага со релевантни податоци за тоа колкав број билети откупиле македонките навивачи. Билети откупувале сите што се регистрирани како здружение - културни друштва, спортски здруженија, здруженија на станари итн.
Понудата да се добие дневен билет за само 100 шведски круни е искористена докрај. Колкав дел од овие билети се наменети за гости од Македонија, не се знае.

Секторите резервирани за македонските навивачи, М и Н, се пополнија за два дена, а во секторите Ј, К, Л, П и О останаа само билети од 350 круни (една круна е 6,8 денари) и билети од 510 круни. Сосема е извесно дека бројката од 2.500 до 3.000 македонски навивачи само од Шведска е реална. Колкав е бројот на оние што го најавија доаѓањето од Данска, Норвешка, Германија и од Велика Британија не се знае, а засега нема никакви податоци за бројот на навивачи од Македонија.

- За нас турнирот почнува на 4 април. Репрезентативците ќе бидат наши гости тој ден. Ангажиравме професионални фирми, кои ќе ги донесат репрезентативците во друштвото и ќе ги вратат назад. Искусни и професионални фирми ќе ја подготват и сервираат вечерата. Никакви импровизации не се дозволени. Нашите момчиња го заслужуваат најдоброто. Ние од сѐ срце ќе се потрудиме да им посакаме пријатно добредојде, потоа ќе ги оставиме намира, а на 8 април веќе подготвуваме голем заеднички хепенинг во еден објект близу Скандинавиум - ни изјави Тане Ангеловски, претседател на друштвото „Гоце Делчев“ од Гетеборг.

Спортското друштво „Вардар Македонија“ ќе биде отворено цело време додека трае турнирот.
- Ќе се обидеме да организираме навивачки центар. Повеќе детали ќе имаме деновиве, откога ќе завршат консултациите во рамките на управниот одбор за 24-часовното функционирање на клубот за време на турнирот - ни изјави Трајан Масев, секретар на друштвото.

Вратите на македонскиот православен храм „Св. Кирил и Методиј“ во Гетеборг ќе бидат ширум отворени за сите добронамерници од каде и да се, вели Милан Стојчевски, претседател на управниот одбор на црковната општина.

- Кафе и посен колач, поради велигденските пости, ќе им понудиме на сите, а оние што ќе нѐ удостојат со своето присуство на светите литургии по повод христијанскиот празник Цветници, ќе се обидеме пријатно да ги изненадиме - ни рече Стојчевски.

Социјалните мрежи се полни со прашања за секојдневието во Гетеборг. Се одвива многу жива комуникација, која дава отворена надеж дека бројката на навивачи допрва ќе добива големи димензии.

Репрезентативците од утре во Скопје

Македонската ракометна репрезентација се очекува утре да се собере во Скопје, на почетокот на подготовките за квалификациите за Летните олимписки игри (ЛОИ) во Лондон, кои се играат во Гетеборг, Шведска, од 6 до 8 април. Противници на црвено-жолтите ќе бидат домаќинот Шведска, Унгарија и Бразил. Првите две репрезентации од групата ќе играат на ЛОИ.

Автор: Ацо Каланоски специјално од Гетеборг за „Нова Македонија“

 

ДЕТАЛИ ОД ИЗЛОЖБАТА НА РАКОТВОРБИ - 2012

1 фотографија: Дел од организациониот одбор на изложбата

2 фотографија: Прво наградените во различни дисциплиниIzlozba_2012_-3Prvo_nagradeni

Navivacka_zabava