novogodisna_elka

GOD JUL och GOTT NYTT ÅR

СРЕЌНА НОВА ГОДИНА и

СРЕЌНИ БОЖИКНИ ПРАЗНИЦИ

Ви посакува
Управниот одбор на
Македонското друштво
 „Гоце Делчев„

Во организација на Македонската амбасада во Шведска и Меѓународниот клуб на жените во Стокхолм, во Операта во шведската престолнина првпат се одржа Божиќен ручек на тема „Македонија”.

Како домаќин на Божиќниот ручек, амбасадорот Кире Илиоски имаше свое поздравно обраќање пред околу 150 присутни гости, меѓу кои беа градоначалникот на Град Стокхолм г-ѓа Маргарета Бјорк, пратеници во шведскиот Парламент-Риксдаг, претставници на кралското семејство, на дипломатскиот кор и многумина други.

Настанот имаше промотивно-хуманитарен карактер, односно средствата се наменети за набавка на опрема за Одделението за онкологија и хематологија во рамките на Детската клиника во Скопје.

На овој пригоден настан Република Македонија беше претставена преку интерпретација на македонската песна и фолклор од страна на културно-уметничките друштва „Македонија“ од Малме и „Гоце Делчев“ од Гетеборг.

Беше поставена и македонска етно-соба, како и изложба на уметничките дела на Стефан Плескоњич, кој во рамките на Божиќниот ручек подари свое уметничко дело на градоначалникот на Стокхолм

ЛУЦИА

Во недела на 11 декември, со почеток во 16.00 часот Друштвото „Гоце Делчев„ ќе го прослави традиционалниот шведски празник Луциа, со традиционалните детски песни, колачиња- лусекатер и глег.

IMG_0556

 

IMG_0551

ЗАЕДНИЧКА ВЕЧЕРА  (Jулбурд)

Истата вечер на 11-декември, во знак на сумирање на реализираните активности во 2011 година, ќе се приреди заедничка вечерa „Јулбурд„ за членовите на друштвото.
Сите сте добродојдени на oва заедничко дружење.
IMG_0590

 IMG_0592

ИЗБОРЕН СОСТАНОК НА ЖЕНСКИОТ АКТИВ

Во недела на 4 декември, со почеток во 15.00 часот, женскиот актив ќе го одржи својот Годишен изборен состанок. На состанокот ќе се разгледа досегашната работа и ќе се избере ново раководство на активот.

IMG_0573

 ГОДИШНО СОБРАНИЕ

Годишното собрание на Македонското друштво „Гоце Делчев„ е закажано да се одржи на 15 јануари, за што ќе бидете повторно известени.

 НОВА ГОДИНА

Заедничкиот пречек на Новата Година ќе се организира во просториите на Друштвото со оркестарот Гром.
Цената на влезницата за членовите е 350 кр. Во цената влегува, предјадење, вечера, 2 без-алкохолни пијалоци и десерт.
Резервации за карти е задолжително најдоцна до 24 декември.
Лица кои што немаат обезбедено резервации не се добродојдени на честитање за време на прославата.

 СТАРА НОВА ГОДИНА „ВАСИЛИЦА„

Традиционалната прослава на Стара Нова Година ќе се организира на 13 јануари 2012 година во просториите на друштвото, со почеток во 18.00 часот.
Домаќин на годинашната прослава е Благоја Марковски.
 АКТИВНОСТИТЕ ПРОДОЛЖУВААТ
  • Фолклорната секција под раководство на Габриела Балинт, продолжува со својата дејност и понатаму. Нови фолклористи се секојпат добродојдени. Тренинзите се одвиваат секоја недела во 15.00 часот.
  • Наставата по музичко воспитание за деца која се одржува секоја недела во 15.00 часот ќе продолжи и понатаму. Наставата ја одржува проф Роберт Сакип
  • Наставата за деца по мајчи јазик ќе продолжи исто така секоја недела со почеток во 16.30 часот. Наставата ја изведува проф.Тереза Шалевска-Мирчева

 

Женскиот актив при Македонското друштво „Гоце Делчев„ ве поканува на СРЕДБА НА ЖЕНИТЕ, во сабота на 12 ноември 2011 год. со почеток во 18.30 часот, во просториите на друштвото -Риммарегатан 8.

Гостите ќе ги забавува оркестарот Гром

Влез 150 кр. Во цената влегува македонско буфе, кафе и колаче.

Резервации на билети најдоцна до 5 ноември.
Информации и резервации кај: Марика Линдсје тел.0768-67 41 41 
и Милица Велевска тел.0763-17 35 05

Добро сте дојдени

 

IMG_4983

15 октомври, - Во просториите на Македонското друштво „Гоце Делчев“ во Гетеборг се одржа средба на Митрополитот Европски г. Пимен со претставници на Македонскиот сојуз во Шведска. Целата на овој собир беше да се дефинираат подрачјата и прашањата околу кои може и треба да се интензивира соработката меѓу македонските друштва и клубови и црковните општини во Гетеборг и Малме, а во интерес на збогатувањето на севкупната дејност во редовите на македонската заедница во Скандинавија.

- Немаме причини да не си помогнеме едни на други, а од што полза можат да имаат сите наши луѓе на овие простори, рече г. Пимен.

Со оглед на тоа дека црковните општини и друштвата и клубовите функционираат како посебни правни субекти во однос на доделување и користење дотации од надлежните шведски органи, беше потенцирано дека се неопходно заеднички напори за проширување на членските регистри, со што ќе се создадат подобри претпоставки за добивање повеќе доатции и зајакнување на финансиската база и на двете асоцијации.

Учесниците на собирот посебно ја потенцираа потребата да се работи на анимирање на припадниците на третата генерација, односно младите од македонско потекло родени во Шведска, кои со свое вклучување и активно ангажирање во сите видови форми на македонско самоорганизарање ќе го овозможат континуитетот на повеќедецениската дејност што се одвива во редовите на македонската заедница.

На средбата беше назначена и мешовита група која ќе организира повеќе средби во разни градови каде што живеат македонски иселеници, меѓу другото со цел да се направи напор за внесување нов дух во меѓусебните односи и да се аплира за напуштање на старите поделби и антагонизми кои непотребно ги доведуваат македонските културно-спортски друштва и црковните општини во конкурентска позиција и намалување на масовноста на ангажманот како последица на тоа.


IMG_4971