По повод 11 Октомври - ден на народното востание на Македонија,
Македонското друштво „Гоце Делчев„
ќе организира ЗАБАВА со консумација (вечера и 1 пиво =100 кр,)

Забавата ќе се одржи на 8-ми октомври, со почеток во 19.00 часот.

Вечерата ќе се набави од ресторанг

Музика по избор на ЦД

Задолжителна консумација најкасно до 1 октомврти.

Забавата е само за членовите кои што имаат резервисано (платено) консумација.

Редовни активности - есен 2011

Фолклорна секција
Фолклорната секција составена од повеќе искусни активски и неколку млади и талентирани фолклориски започнува со редовните тренинзи на 28 август, во 15.00 часот.
Нови фолклористи се добродојдени.
Фолклорната секција работи под раководство на Габриела Балинт.
 
Музичка Хорска секција
Музичка секција за деца во недела од 15.30 до 16.25 часот
Во секцијата добродојдени се деца од 4,5 години и нагоре под услов да зборуваат, да можат да имаат комуникација со професорот
Во програмата ќе се изучуваат македонски песни од Златно славејче и шведски Божикни песни.
Хорската секција за возрасни во недела од 17.00 до 19 часот.
Во Хорската секција за возрасни добродојдени се сите поранешни хористи и нови членови кои се заинтересирани за македонските народни песни.
Во програмата ќе се изучуваат македонски староградски и народни песни.
Наставата ќе ја одржува дипломиран педагог Професор. Роберт Сакип.
 
Мајчин јазик
Напоредно со редовната настава во училиштата, децата кои што сакаат да го изучуваат македонски јазик ќе можат да посетуваат настава по мајчин јазик, секоја недела од 16.30 часот. Курсот започнува на 4 септември.
Курсот по македонски за возрасни (швеѓани и други) започнува на 4 септември во 18.00 ч.
Курсот за изучување на англиски јазик за возрасни ќе започни према договореното.
Наставата по македонски и англиски јазик ќе ја изведува Проф. Тереза Салевска- Мирчева
Сите курсеви се изведуваат во соработка со АБФ Гетеборг и се безплатни, под услов да се членови на друштвото
_По повод 8-ми Септември - Денот на независноста на Македонија и 20 годишнината од осамостувањето на Р Македонија.
 
Македонското друштво „Гоце Делчев„ ќе приреди скромен
                                       КОКТЕЛ
за членовите на друштвото и посебно поканети гости.
 
Коктелот ќе се организира во четврток на 8-ми Септември со почеток во 19.00 часот во просториите на друштвото.
 
Повелете заеднички да го прославиме овој значаен јубилеј
Во недела на 28 август, со почеток во 15.00 часот ќе се одржи редовниот состанок на Женскиот актив. Добро сте дојдени

Управниот одбор ќе го одржи својот редовен состанок во недела на 21 август, со почеток во 16.00 часот.

Истовремено од недела ќе започнат и слободните активности на друштвото.

За време на годишните одмори од 8 јули до 14 август, просториите на друштвото ќе бидат затворени.

На сите оние кои што се припремаат да патуваат на одмор (некои веќе се одмараат) им посакуваме среќен пат и пријатни летни денови.

А за оние кои што планираат да останат во Гетеборг им препорачуваме да ги посетат и бодрат двете македонски екипи во фудбал кои што ќе се натпреваруваат на “Готхиакуп“

Најголемиот меѓународен светски младински турнир “Готхиакуп„ на кои што учествуваат околу 1600 екипи од 73 земји, ќе се организира од 17 до 24 јули 2011 година во Гетеборг.

Za site informacii kade i vo kolku casot se igraat natprevarite, poseteteja stranicata na www.gothiacup.se ili javete se na 0708168354  kaj Goce Grujoski.

Dobredojdeni ste i na prijatelskite natprevari sto ke se igraat vo Petok na 16 Juli kako i vo sabota na 17 Juli.