На 26 март 2011 година во просториите на македонското друштво „Гоце Делчев“ во Гетеборг ќе се одржи 21. по ред културна манифестација Ден на македонската поезија во Шведска, која секоја година се одвива под покровителство на Mакедонскиот сојуз.

Во рамките на програмата на манифестацијата, која лани го одбележа својот 20-годишен јубилеј, ќе настапат дваесетина автори. Гостин од Македонија овојпат ќе биде истакнатиот поет и литертурен критичар Бранко Цветкоски, кој од пред извесно време е назначен за директор на Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ во Скопје.

Програмата ќе започен во 14.30 часот. Друштвото „Гоце Делчев„ се наоѓа на Rimmaregatn 8, Hisings Backa

Женскиот актив ќе организира ИЗЛОЖБА НА РАКОТВОРБИ
во недела на 20 март
Експонатите се изложуваат од 12 до 13.00 часот
Излобата се отвора во 14.00 часот

 

ИГРАНКА со оркестарот Гром

По повод Осми Март - денот на жената, во сабота на 5 март со почеток во 19.00 часот. 
Влез 100 кр. за членови и 250 кр за нечленови.
Добро сте дојдени

Р.Ѕ  Забрането е носење на пијалоци од дома.

Амбасадата на РМ во Шведска ќе одржи Конзуларен ден со службено лице од Амбасадата - на 27 февруари 2011 година од 10.00 до 15.00 во просториите на Македонското друштво “Гоце Делчев“ во Гетеборг, со адреса на Rimmaregatan 8, Hisings Backa

ПРЕДАВАЊЕ

Предавање на тема ЗДРАВА ХРАНА ќе се одржи во среда на 2 февруари, со почеток во 18.00 часот.

ФОЛКЛОР

Фолклор за младинци секоја недела во 15.00 часот под раководство на Габриела Балинт

 НАСТАВА ПО МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК

Настава по македонски јазик секоја недела во 16.30 час. за деца
                                                         секоја недела во 18.00 час. за возрасни
Наставата ја изведува Професор Тереза Салевска- Мирчева
Во неделата на 16 јануари,  Македонското друштво Гоце Делчев„ го одржа своето редовно Годишно собрание. На собранието присуствуваа голем број на членови.
По прифаќањето на поднесените извештаи за јубилејната 2010 година се дополни
Управниот одбор со три нови членови и две резерви.
За претседател на друштвото повторно е избран Јован Божиновски, а останатите членови ќе ги добијат своите должности на првиот состанок на Управниот одбор.
Годишното собранието донесе одлука за чланарината за 2012 година да изнесува 400 кр за фамилија и 200 кр за самци.
Управниот одбор доби подршка од собранието за да можи да превземи мерки против недозволеното носење на алкохолни пијалоци на игранките.
Собранието избра Работна група од доброволци за реновирање на фасадата на друштвената зграда.