45 års jubileum

45 ГОДИШЕН ЈУБИЛЕЈ

на Македонското друштво  „Гоце Делчев“ 2015

   Добровечер почитувани членови, гости и пријатели на друштвото Гоце Делчев. Денеска славиме еден голем јубилеј 45 год. постоење и активно работење на нашето друштво  Гоце Делчев.

    Точно пред 45 год. кај нашите македонски доселеници на подрачјето на Гетеборг, се појави потрба за да се формира друштво каде што ќе се гаи македонската култура, традиција и јазик. Небило ни малку лесно за тогашните инцијатории да се формира друштвото, но желбата била појака од се за формирање на македноско друштво, кое е гордост на секој македонец во Гетеборг.

   После малку време од формирањето на друштвото се роди идеа за формирање на фудбалска и фолклорна секција. Прво беше формирана фудбалската секција а подоцна и фолклорната секција.

Фудбалската секција беше многу години гордос на друштвото. Скоро 30 год. се натпреваруваше во Гетеборшката лига и со други наши клубови ширум Шведска како и неколку гостовања во Македонија. Бројните пехари и признанија се доказ за постигнатите резултати.

   Фолклорната секција во почетокот имаше само една мала група но по некоја година прерасна во две а подоцна и три групи. Имаше безброј настапи во нашето друштво на многу фестивали и разни манифестации. Исто така имаше наспатпувано и надвор од границите на Шведска како во Македонија,Германија, Франција и Австралија. Дел од сите тие настапи беа со натпреварувачки карактер на кој Фолклорната секција освои доста први места награди и признанија.

   Малку покасно се формира женскиот актив во друштвото Гоце Делчев кој беше и сеуште е вклучен во сите активностите на друштвото. Нашиот женски актив е најголем и најактивен од сите преостанати авктиви при македноските друштва во Шведска. Слободно може да се рече, без женскиот актив друштвото не би изгледало како што изгледа денес!

   Во друштвото беше формирана и шаховска секција која многу години активно се натпреваруваше во гетеборшката лига  и со останатите македноски друштва во Шведска. 

Со години активно работи билљардската секција и пинг-понг секцијата.

   Малдинскиот актив упорно работи скоро сите овие години во друштвените активности на културно и спортско поле.

   Во изминатите 45 години во друштвото работеа драмска, хорска секција родителско-учителскиот совет совет и др секции. Неодамна во друштвото се формира и пензионеркса секција.

  Од секогаш друштвото членува во поранешниот Македонскиот кордативен одбор а денеска  Македонскиот сојуз во Шведска.

    За сите овие години нашето друштво го имаат посетено политички лица, културни работници, организации, артисти и спортисти од Македонија и Шведска.    Соработуваме со македонската амбасада во Стохлом. Друштвото Гоце Делчев соработува со многу Шведски институции  како на пример: ABF, Fritid  и многу други.

   Друштвото Гоце Делчев многу години живееше во простории под кирија. Долгогодишната желба на членовите им се исполни со купувањето  на  сопствени простории односно свој дом.

   За друштвото Гоце Делчев има да се пишува и раскажува со денови, но накратко ве запознав со работата на друштвото за овие 45 год.

   И на крај почитувани членови моја желба е, а верувам и на секој наш член е друштво да продолжи со ширење на македонската традиција, култура, јазик и се што е македонско.

  Нека ни е честит јубилејот и уште  многу јубилеји да слави нашето друштво Гоце Делчев. А со вакви членови се надевам дека ќе слави уште многу!!!

   Рефератот го поднесе

   Тане Ангеловски, претседател на Друштвото Гоце Делчев.

45 god v2

Koktel za Osmi sept

Деновиве Друштвото Гоце Делчев ја доби следната Благодарница:

„Црвен крст на Реублика Македонија доделува БЛАГОДАРНИЦА на Македонското друштво Гоце Делчев, за подршката на обезбедување донација намената за помош на насраданото население од поплавените подрачја во Р Македонија„

Den na drustvoto 15