ДЕН НА ДРУШТВОТО

Македонското друштво „Гоце Делчев„ ги поканува членовите на традиционаланата манифестација Ден на друштвото (Föreningsdag) во среда 1 мај 2019 година со почеток во 12.00 часот.

На програмата: дружење, игри, интерни натпревари и заеднички ручек.

Ве очекуваме

28 април 2019

СЕЌАВАЊЕ

Денес ка се навршуваат 5 години од смрта на нашиот пријател, Трајан Масев (1943-2014) еден од најзначајните македонски активисти во Шведска. Неговото прерано заминување е голема загуба и празнина за сите нас во Гетеборг и пошироко. Македонската заедница загуби исклучително талентиран и искусен активист.

Од самото доаѓање во Гетеборг па се до неговото заминување од овој свет, Трајче целиот живот го посвети бележејќи ги настаните на македонската дијаспора во Шведска.

Трајче беше еден од основоположниците на Македонското друшво „Гоце Делчев„ Гетеборг. На 12.02.1978 година, го издава првиот број на „Наш лист„ како орган на Друштвото „Гоце Делчев„ ,со цел да се подбри информираноста помеѓу македонците во Гетеборг, кој пота во 1979 година прерасна како Македонски весник орган на Интерсната заедница на македонските друштва и клубови во Шведска, денес Македонски сојуз.      

Аматерски без никаква надокнада, издаде 123 броја на Македонски весник, отсликувајќи ги скоро сите македонски културни манифестации, спортски натпревари, црквони богослужби, објавуваше извештаи од сите годишни собраниа на друштвата и клубовите и многу друго.

Во последните години Трајче продолжува да објавува на Јутуб и Фејсбук видеоинсерти фотоалбуми од збиднувањето на македонската заедница во Гетебор и пошироко.

Ние, прелистувајќи ги весниците и албумите ќе ја читаме 40 годишната документација (историја) кој ја создаваше Трајче и ќе се сеќаваме на него

Почивај во мир пријателу.

П.Атанасовски

Од Годишното собрание на 20.01.2019

Вчера, на 20 јануари се одржа редовното Годишно собрание на Македонското друштво „Гоце Делчев„ од Гетеборг.

По усвојувањето на извештајот за работа и финансискиот извештај за минатата година се донесе програмата и финанскиот план за ова календарска година. Посебен акцент во програмата за работа беше наоѓање на начин за активирање на младата популација во друштвената активност.

Собранието избра ново раководство на чело со досегашниот претседател Гоце Џуков.

П.А

 

Управниот одбор на Друштвото „Гоце Делчев„ Ве поканува да учествувате на

РЕДОВНОТО ГОДИШНО СОБРАНИЕ

на Македонското друштво „Гоце Делчев„ што ќе се одржи во недела на 20 јануари 2019 год

со почеток во 13.00 часот во просториите на Друштвото --Rimmaregatan 8

Добро сте дојдени

************************************************************************************

Во интерес на друштвото потребни се нови членови во Управниот одбор, кои ќе бидат подготвени да одвојат по два-три часови неделно

Доколку имате предлог за некое лице за кое што сметате би било соодветно за работа во раководството на друштвото, ве молиме вашиот предлог да го доставите до Кандидационата комисија или е:маил: Den här e-postadressen skyddas mot spambots. Du måste tillåta JavaScript för att se den.

Македонското друштво „Гоце Делчев„ ќе организира заеднички дочек на Новата година, во просториите на Друштвото. Гостите ќе ги забавува оркестарот Тип Топ и пеачот Таше Каранфиловски од Македонија.   Цената на влезницата со конзумација е 350 кр.

Резервации на карти на тел. 0704-833 338  Крсте

ЛУЦИА

Во недела на 16 декември, со почеток во 15.00 часот, Друштвото „Гоце Делчев„, ќе го прослави шведскиот традиционален празник Луциа, со детски песнички, колачиња, луцеркатер и глег.    На децата Дедо Мраз ќе им подели мали подароци.

Истата вечер (16-12-2018) со почеток во 17.00 часот, во знак на реализираните активности во 2018 година, Управниот одбор ќе припреми заедничка трпеза „Јулбурд„

Добро сте дојдени на ова заедничко дружење.