Веќе неколку години по ред се одржува манифестација Кулинарски вештини во нашето Друштво во организација на неуморниот Женски актив.
Започнуваме со нашата гордост и младост фолклорната секција, а потоа завршуваме со превкусните специјалитети и музика за душа.
 
Прво, второ и трето освоено место, честитки до добитничките и сите вредни жени кои дадоа свој придонес за овој настан да биде повкусен и повесел.

Осмомартовска забава со програма

На 29 јануари 2023 година во прсториите на Македонското друштво Гоце Делчев, Гетеборг се одржа редовното Годишно собрание на кое присуствуваа поголем број на членови.
По прифаќањето на поднесените извештаи за реализираната активност за 2022 година, се избра нов Управен одбор од 11 членови на чело со долгогодишен и искусен активист Гоце Џуков. Останатите членови на Управниот одбор ќе ги добијат своите задолжениа на првиот редовен состанок
На собранието се усвои и предложениот Статут со измени и дополнение.

Управниот одбор на

Македонското друштво „Гоце Делчев„

Ве поканува да учествувате на

РЕДОВНОТО ГОДИШНО СОБРАНИЕ

на Македонското друштво „Гоце Делчев„

што ќе се одржи

во недела на 29 јануари 2023 година

со почеток во 13.00 часот

во просториите на Друштвото

 

Во интерес на друштвото потребни се нови членови во Управниот одбор, кои ќе бидат подготвени да одвојат по два-три часови неделно

Доколку имате предлог за некое лице за кое што сметате би било соодветно за работа во раководството на друштвото, ве молиме вашиот предлог да го доставите до Кандидационата комисија или во Inbox

PDF: PREDLOG Statut 2023